edelivery Систем за електронска достава и прием на акти
во судовите во Р. Македонија
(Прва фаза - достава од судот до корисниците)
   

Известување за инсталирање на коренски сертификати согласно дадените насоки од страна на КИБС

Ги известуваме сите корисници на Системот за електронска достава на судски документи кои користат дигитални сертификати издадени од издавачатот на сертификати КИБС, дека потребно е на компјутерот да инсталираат коренски сертификат согласно дадените насоки од страна на КИБС кои следат во продолжение:

Дополнително треба да го инсталирате коренскиот сертификат, тој сертификат е на КИБС и со него се потпишуваат сертификатите за клиентите.

Ве молиме само инсталирајте го коренскиот сертификат по следниве инструкции. Инсталацијата на коренскиот сертификат е задолжителна и бесплатна. Ве молиме инсталирајте го коренскиот сертификат за да немате проблеми при користење на Вашиот личен сертификат.

Сертификатот преземете го преку Internet Explorer од линкот: https://www.kibstrust.mk/Storage/cacert/KIBSTrust_Qualified%20Certificate%20Services.crt 

 и преку Mozilla Firefox од линкот 

https://www.kibstrust.mk/Storage/cacert/KIBSTrust_Qualified%20Certificate%20Services.crt

За да се провери дали сертификатот е во ред, потребно е клиентите да ги следат дадените насоки во продолжение:

Ве молиме проверете дали Вашиот сертификат се чита во веб прелистувачот од каде што ја отворате веб страната. 

За таа цел следете ја точка 2.2 од упатството од следниот линк: 

Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен во Internet Explorer?

Доколку се исчитува Вашиот сертификат во Internet Explorer - Personal  проверете дали истиот е издаден од Издавачот на сертификати КИБС АД Скопје, дали е валиден и во детали на сертификатот потребно е да се види стебло од четири (4) сертификати.

Доколку сите овие чекори се спроведени тоа укажува дека Вашиот сертификат е во ред. 

Проверката за коренските сертификати се прави во детали на сертификатот каде што потребно е да се види стебло од четири (4) сертификати.

 


оператор | 21.05.2020 14:18:43