Појаснување до корисниците во делот на регистрација
За користење на услугите на Системот, правното или физичко лицетреба да ја реализира следната постапка:
1. Електронски да се најави (регистрира) како нов корисник напорталот http://edostava.sud.mk, во било кој суд во Република Македонија.
2. До судот во кој електронскисе најавил (регистрирал) како нов корисник, треба ги достави следните уредно пополнети и потпишани документи:
- Барање со изјава за регистрација на нови корисници,
- Доказ за вршење на дејност
3. Откако судот ќе ги обработи доставените документи, испраќа известување дека барањето за регистрација е одобрено/одбиено на доставената е-маил адреса.
Откако корисникот ќе добие известување од судот дека барањето за регистрација е одобрено, може да се најави со корисничко име и лозинка (кои самиот ги дефинирал при регистрација на web порталот) и да ги користи услугите на Системот.
оператор
|
07.02.2014 10:52:48