Известување до корисниците за можно добивање на две идентични нотификации
Се известуваат корисниците на Системот за електронска достава на судски документи дека во периодот од 14.03.2018 година (среда) заклучно со 19.03.2018 (понеделник) ќе се изведуваат активности поврзани со преконфигурација на е-маил системот сместен во Врховниот суд на Република Македонија.
Од безбедносни причини, во наведениот период корисниците на Системот за електронска достава на судски документи можно е да добиваат по 2 (две) идентични известувања (на доставената e-mail адреса) за пристигнат еден ист судски документ во електронското сандаче на корисникот.
оператор
|
12.03.2018 12:30:03