Известување до корисниците кои извршиле промена / обнова на дигиталниот сертификат
Корисникот кој извршил промена / обнова на дигиталниот сертификат кај овластен издавач, со цел да продолжи со користење на услугите на Системот неопходно е да ја реализира следнава постапка:
1. На web порталот edostava.sud.mk електронски да ја ажурира обновата на дигиталниот сертификат со избирање на опција “обнова на сертификат“, согласно постапката опишана во документот “Упатство за регистрирање на нов корисник“.
2. До судот во кој електронски е регистриран, корисникот доставува БАРАЊЕ со заокружена опција в) одобрување повторна регистрација поради промена на дигитален сертификат, согласно постапката опишана во документот “Услови за користење на системот за електронска достава на судски документи“.
3. Судот ја одобрува промената на дигиталниот сертификат, после која корисникот може да продолжи со користење на своето електронско сандаче со новиот / обновениот дигитален сертификат.
оператор
|
09.09.2015 14:16:24