edelivery Систем за електронска достава и прием на акти
во судовите во Р. Македонија
(Прва фаза - достава од судот до корисниците)
   

Известување од Издавачот на сертификати КИБС за нови упатства и драјвери за Крајни корисници

 

 

Ве информираме дека Издавачот на сертификати КИБС објави нови драјвери т.е. специјално креиран посреднички софтвер SafeNet Authentication client (SAC Client), за чија инсталација е подготвено и објавено корисничко упатство за крајните корисници.

Упатството е наменето за корисниците на квалификувани сертификати за квалификуван електронски потпис и квалификуван електронски печат од новите профили (Verba Sign PKI token / Verba Sign Pro PKI token / Verba Seal PKI token), како и за корисниците кои поседуваат валидни сертификати од старите профили (Verba Sign K2 / Verba Sign Pro2 / Verba Seal S2)

 Предноста и препораката за инсталација на овој софтвер, освен за подобра поддршка на најнивите верзии на Windows 10 е особено во можноста за сетирање на опција “Read Only”, со која се спречува бришење на сертификатот од токенот и со тоа сертификатите ќе се исчитуваат во соодветниот веб прелистувач без притоа да бидат пребришани со некој следен UpDate.

 На нашиот веб сајт Поддршка | KIBSTrust стартувавме со официјална објава.

 Линк до упатствата:

 МК: https://www.kibstrust.com/Storage/Dokumenti/103.18 Како да започнам со користење на сертификат издаден на Gemalto IDPrime PKI токен.pdf

 ЕН: https://www.kibstrust.com/Storage/Dokumenti/103.18 How to start using a certificate issued on a Gemalto IDPrime PKI token.pdf

 Ова се линкови од каде може да се симнат драјверите – посредничкиот софтвер

 За x86-based PC, за 32-битен оперативен систем:

 https://www.kibstrust.com/Storage/Support/Software/KIBSTrust-SAC-x32-10.8-R2.msi

 За x64-based PC, за 64-битен оперативен систем:

 https://www.kibstrust.com/Storage/Support/Software/KIBSTrust-SAC-x64-10.8-R2.msi

 Важно: Заради поддршка на некои кориснички апликации, овие постари посреднички софтвери сеуште може да се најдат на нашиот веб сајт https://www.kibstrust.com/mk-MK/Home/Support:

 1. Постарите верзии на минидрајвери, можете да ги преземете од секцијата Софтвер и драјвери, делот “Минидрајвери за Gemalto IDPrime (.NET и MD) PKI токени”

 2. Постарите верзии на PKCS11 библиотеката, можете да ја преземете од секцијата Софтвер и драјвери, делот “PKCS#11 Библиотеки за Gemalto ID Prime (.NET и MD) PKI токени”

 

 


оператор | 03.02.2021 09:38:59