Ги известуваме сите корисници на Системот за електронска достава на судски документи да ја игнорираат пораката во врска со безбедноста на страната што се јавува на порталот edostava.sud.mk и да продолжат непречено со користење на истиот.
Обновата на Thawte SSL Web Server сертификатот кој се користи на порталот edostava.sud.mk ќе се пролонгира одреден период затоа што издавачот на сертификати Thawte не беше во можност да изврши телефонска валидација на Врховниот суд на Република Северна Македонија на официјалниот број регистриран во УЈП / ЦРСМ поради дефект на телефонската централа на судот.